Погледнете ја целосната програма на „Пиволенд 2016“

18 август 2016

Има уште две недели до годинешното, деветто издание на „Пиволенд 2016“, кое ќе се одржи од 31-ви август до 4-ти септември на Скопското Кале. Љубителите на пиво како и досега, ќе имаат можност да дегустираат голем број на различни пива.

-Сепак, добро пиво не оди без добра музика. Затоа, како и секоја година, и оваа се потрудивме да ги задоволиме сите музички вкусови - од рок, метал, преку поп музика, па сѐ до фолк, етно, трап, техно, дабстеп и рап – велат организаторите.

Петте фестивалски денови ќе започнуваат во 18:00, а ќе траат сѐ до раните утрински часови.

На главната бина присутните ќе имаат можност да ги видат „Нокаут“, Дани, Тамара, Тијана Дапчевиќ, Р„ибља Чорба“, Влатко Илиевски и „Акустик Дивижн“, „Чил Плеј“, „Блек Енд Вајт Социал Клуб“, „Проџект Орфеус“, Јаков Дренковски, „Министерке“, Ефто Пупиновски, „Фолтин“, „Тотално Опуштање“, Флукс, Дј Славе, Дј Глодаракс, „Студени Нозе“, Трибјут ту Колдплеј, „Левис Оркестра“ и многу други.

Фестивалот секој ден ќе го отвараат победниците од конкурсот за млади бендови. Покрај главната, атрактивна ќе биде и „Бла Бла“ сцената каде што ќе има учество на најдобрите млади музичари и диџеи од андерграунд македонската сцена.

На третата бина ќе преовладува електронскиот звук- техно, хаус, прогресив.
Пивото, музиката и вкусните деликатеси се еквивалент на мотото на фестивалот- „Дојди, види, испиј!“
  

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.104 пати