Попусти и примамливи понуди: Почна Летниот фестивал на книгата во „Три“

24 јуни 2020

Издавачки центар ТРИ започна уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, настан кој ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти, акции и примамливи понуди од изданијата на ТРИ и „Паблишер“.

Оваа година слоганот на фестивалот е „ОТКРИЈ МОРЕ ОД ПРИКАЗНИ“, кој ја нагласува важноста да се биде релаксиран во летниот период, кој оваа година е поинаков за сите нас.

Летниот фестивал е препознатлив настан кој со години ја популаризира книгата во пресрет на годишните одмори и лежерните викенди. Ова лето ТРИ обезбеди широка фестивалска понуда со нови изданија, со одличен фестивалски попуст од 20 до 70 % и многу интересни наслови кои наскоро ќе ги красат полиците на ТРИ. Љубителите на Мураками, Бегбеде, Гејман, Руми, Вуди Ален... ќе имаат можност да ги купат своите омилени автори со најновите книги токму на Летниот фестивал.

Иако ова лето промоциите ќе бидат оправдано изоставени, попустите и наградите се неминовни. До крајот на летото за нашите читатели подготвивме богата понуда од атрактивни наслови во пакети од 3 книги за 499 денари и 5 книги за 499 денари. Како и секое лето, и ова ќе биде полно со награди. Преку фејсбук и инстаграм-профилите, ТРИ ќе ги наградува своите најактивни и посветени читатели со бесплатни примероци од нови книги, како и со многу свежи изненадувања!

Целата фестивалска понуда може да ја погледнете на следниов линк – https://bit.ly/2NolvcQ 

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
109 пати