Поради „Медена земја“ Македонија е најпребаруваната земја на „Гугл“

7 февруари 2020

Во низата убави вести поврзани со документарниот филм „Медена земја“, пристигна и оваа дека Македонија се најде на листата на најпребарувани земји на „Гугл“.

Имено, станува збор за пребарувања поврзани со „награди“ и „оскари“, а информацијата ја сподели „Гугл Трендс“ на „Твитер“.

Во твитот се вели: „Во моментов Македонија е најпребаруваното место на Гугл поради филмот „Медена земја“, номиниран за „Оскари“ “.

За потсетување, филмот е номиниран во две категории: Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм.

Новото, 92. издание на „Оскарите“ е закажано за в недела, 09.02.2020 година, кое сите со нетрпение го очекуваме!

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.022 пати