Поради празничната колекција на Zara Home едвај чекаме Нова година

6 ноември 2019

Католиците одбројуваат уште 50 дена до Божиќ, а токму по тој повод веќе се актуелни и празничните каталози за украси и декорации.

Во овој контекст и брендот „Zara Home“ ја претстави својата празнична колекција, од која со нетрпение ги очекуваме новогодишните и божиќните денови.

Колекцијата е поделена во неколку сегменти - декорации, украси за елка, декорации за кујна, трпезарија и детска празнична колекција.

Во секој од овие делови доминираат предмети во стандардните зелена, црвена, златна и сребрена. Но, сепак начинот на кој се претставени и како би се вклопиле во домот ја прават магијата уште попривлечна.

Од интересни кукли, преку сијалички, лампиони, преку празнични прекривки за маса, крпи, свеќници, сè до венчиња за врата, вазни, оваа колекција ќе ве разнежни. 

Во продолжение ви презентираме дел од работите кои би сакале ние да ги имаме во домот, а целата колекција можете да ја погледнете на ликот ТУКА.

 

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.936 пати