Посебни автобуски линии за време на Саемот на книга

25 април 2018

По повод одржувањето на Саемот на книгата 2018 од 03-09.05.2018 година во ВИП Арената Борис Трајковски, на барање на Скопски саем, заради полесен пристап на посетителите до Саемот на книгата,  ЈСП Скопје воведе две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП Арена Борис Трајковски.

 

Линија 100/1

Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче  до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова Железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → ВИП Арена Борис Трајковски.

Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.


Линија 200/1

Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди →  Поликлиника Букурешт → СЦ Борис Трајковски.

Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.

 

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
213 пати