Поточиња 2020 на 21 и 22 март во Македонска Опера и Балет

24 февруари 2020

Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21 и 22 март 2020 година ќе помине во знакот на 17. Издание на Детскиот фестивал Поточиња.

Разиграни, распеани, а на сцената единствени, Поточиња се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните Поточиња ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

ПОТОЧИЊА 2020 во Македонска опера и балет за 21. и 22. март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч., 13:00 ч. и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, Билетара на МОБ и онлајн - www.karti.com.mk

Пролетта нека започне со песна!

Објавено:
24 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
301 пати