Повторно „Диско селектор“ секој четврток со Драган Б. Костиќ

28 март 2020

Повозрасната генерација се сеќава на култните емисии „Заборави ако можеш“ и „Диско селектор“, но сега и помладите ќе имаат шанса да дознаат за што се работи.

Имено, легендарниот Драган Б. Костиќ вчера најави дека „Диско селектор“ повторно ќе имаме можност да го слушаме, во стандардниот термин - четврток од 18 часот.

„Почитувани пријатели, iзминативе месеци, многумина во инбокс ме прашуваа, зошто го нема Кавервил, зошто нема нова сезона на Б со точка... Последниве недели особено откако катанецот Корона ја заклучи планетата, инбоксот буквално ми е преплавен со предлози, кои одеа во прилог на поранешната идеа за лансирање на подкасти за Диско селектор, Кавервил, Заборави ако можеш и Чартфајл. Па така "ако на почетокот на секој почеток се наоѓа почеток", да почнеме од почеток.Од нултото издание на Диско селектор, ова без најави, но веќе од следните недели, на стандарден начин“, сподели водителот на својот Фејсбук профил.

Само нултата емисија, како што вели тој, беше емитувана вчера, а следните ќе бидат во посочениот термин.

Вчерашната емисија можете да ја слушнете на линкот - „Диско селектор 01“, а наредните не ги пропуштајте - да уживате и да се едуцирате.

 

Објавено:
28 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
576 пати