Позитивна вест на денот: 85-годишна бабичка од Прилеп се излечи од Ковид-19

29 април 2020

Во напливот на негативни вести, секогаш се радуваме на оние позитивните, што носат ведрина и надеж.
Една таква убава вест која ја издвојуваме за позитива на денот, ни доаѓа од Прилеп.

Денеска инфективното одделение во прилепската болница, излечена го напушти 85-годшната Елена Макалоска, која воедно е и најстариот пациент кој го победил коронавирусот во оваа болница.

Фото: Општа болница Прилеп

„Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение. 85 - годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал", стои во описот на фтографијата што беше објавена на фан страната на болинцата.

Посакуваме што почесто да слушаме вакви убави вести, а на сите кои ја водат својата лична борба со инфекцијата, им посакуваме побрзо оздравување.

Објавено:
29 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
206 пати