Познатиот дизајнер Том Форд повторно во улога на режисер

20 септември 2016

Кога пред точно седум години Том Форд го режираше својот прв филм никој премногу не очекуваше од тоа остварување. Иако се работи за етаблиран моден дизајнер, од неговиот филм не се очекуваше многу.

Кога дел од таа бранша ќе се обиде во некоја друга сфера, во овој случај филмска режија, како по некое непишано правило сите тие авантури завршувале прилично неславно.

Успехот на неговиот првенец „Самец“ со Џулијан Мур и Колин Фирт публиката го доживеа како вистинско филмско возбудување. Форд се покажа и докажа дека одлично владее со техниката на режиското мајсторство, но што е уште позначајно има свој препознатлив потпис.

Од таа причина се очекува секој негов нареден филмски проект да го надмине очекувањето од неговиот првенец филм.

Пред еден ден излезе трејлерот за неговиот најнов филм „Nocturnal Animals“, во кој главните улоги ги толкуваат Ејми Адамс И Џејк Џиленхaл, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Венеција каде и освои Гран При.

Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот, ветува!

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
132 пати