Празнична атмосфера на италијански начин: Магијата во Локоротондо започна

23 ноември 2021

Италија е дестинација која многумина ја бираат во пролетниот и летниот период, но после овие фотографии ќе видите дека Италија е секогаш добра идеја.

За време на овој празничен период, италијанските саеми и пазари се совршено искуство. Преполни тезги со рачни изработки, вкусни специјалитети и секако музика на која не може да не се расположите.

Честопати, низ тесните сокачиња има уште поголема магија, бидејќи соседите одлучиле сами да ја разубават својата околина со фантастични украси.

Токму такво нешто може да се види во гратчето Локоротондо, на источната страна на Италија, кое се смета за едно од најубавите таму.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ITALIA (@italia)

За божиќните и новогодишни празници, градот им организира на посетителите бесплатни организирани прошетки низ градот, присуство на концерти на музичари облечени како џуџиња и други ликови, како и да уживаат во анимирани претстави.

Декорациите се речиси секогаш во црвена боја, какок совршен контраст на белите ѕидови на куќите. Илјадници сијалички се вклучуваат и создаваат вистинска магија.

На 13.12 се одбележува „Ноќта на свеќите“ (La Notte della Candela), посебно убав период за посета на  бидејќи тогаш започнува поворката на мештаните со свеќи во рака.

Локоротондо е веќе во празнично руво, а фотографиите што ги најдовме навистина ни ја разбудија желбата за празнична атмосфера:

 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Roberto (@robertopatruno67)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Roberto (@robertopatruno67)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by RITA_D.C (@rita_dicosola)

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rì (@_rirry)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mauro Greco (@dotmaurogreco)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by IRENE TALAMO (@irene.talamo)

Објавено:
23 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
944 пати