Празнична шолја што ја посакуваме во нашата колекција

22 ноември 2021

Во нашата канцеларија има повеќе љубители на чај и кафе, па секогаш има огромен избор на шолји кои дополнително го разубавуваат ова уживање, а воедно говорат и за сопственикот на истите :).

И како се наближува празничниот период, така почнуваме да ги менуваме сезонските со новогодишни. 

Во потрага за совршени шолји за месеците што следат, наидовме и на оваа транспарентна, во форма на елка.

Впечатлива, интересна, несекојдневна, а има со неа во комплет доаѓа и капак. 

Ние ја најдовме на една од најголемите светски онлајн продавници и цената и е нешто повеќе од 20 долари. 

Ви се допаѓа ли вам?

Објавено:
22 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
859 пати