Предлог книга од „ТРИ“: Крајот на осаменоста

20 февруари 2020

Трогателен роман за загубата на саканите и осаменоста, емотивна приказна за семејството и пријателството. И над сè, голема љубовна историја.

Крајот на осаменоста нè води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат своите родители во автомобилска несреќа и го поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Кога ќе пораснат, сметаат дека го надминале тој удар на судбината, но... Поминувајќи низ подеми и падови, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи.

Калеидоскопска семејна сага и колеблива, закрепнувачка љубовна приказна, Крајот на осаменоста нуди неверојатни размисли за моќта на спомените, за загубата и она од кое никогаш не можеме да се ослободиме и да го заборавиме. Со неповторливо сочувство и блескав стил, Бенедикт Велс ни покажува што значи да си го најдеме патот во животот и нè потсетува дека доколку не ја изгубиме надежта, ќе најдеме и некој со когошто би го изоделе.

 

Уште со своето деби овој млад автор нè воодушеви со својата зрелост.

Зидојче цајтунг

Овој роман со право се смета за ремек-дело. Едно е сигурно – не може лесно да се заборави.

Сандеј пост

Објавено:
20 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
315 пати
Тагови: 
книга ТРИ