Предупредување од Икеа: Ако го имате овој наш производ, веднаш да нѝ се јавите!

30 септември 2019

Производите на Икеа се навистина популарни ширум светот, најчесто благодарение на нивната исклучителна функционалност.

Истото е случај и со производите за деца, почнувајќи од мебел за во детската соба, па сѐ до играчки и разни помошни средства.

Целосните лигавчиња од брендот се дефинитивно омилени на мајките, а подеднакво корисни и популарни се оние помалите кои се ставаат на вратот, наместо да се облекуваат како наметки.

Токму за овие лигавчиња брендот ги предупреди сите што ги набавиле веднаш да ги вратат и ќе можат да ги заменат со друг производ или пак да им бидат вратени парите.

„Безбедноста на нашите производи секогаш е на прво место и тоа го сметаме за многу сериозно. Сите наши производи се проверени и во согласност со нормите и препораките. Настрана ова, добивме извештај дека копчето на детското лигавче со наслов MAVRA може лесно да се откачи и да дојде до гушење кај бебето што го користи“, стои во официјалното соопштение на брендот.

Доколку имате вакво лигавче и го користите за хранење на вашето бебе, можете да го промените со нешто друго или пак парите да ви ги вратат во целост.

Инфо и фото: Tportal.hr

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.299 пати