Прекрасен мурал на наши уметници го краси новиот „Велоштад“ во Скопје

30 септември 2020

Од вчера Скопје има ново урбано место, со функционална намена да ги задоволи потребите на велосипедистите во градот – новиот „Велошат" односно вело паркинг во склоп на Транспортниот центар.

Идејното решение за велосипедскиот паркинг е на Теа Дамјановска и Михајло Стојановски, а е надополнето со мурал кој испраќа порака за подобра мобилност, спортска активност и здрав хачин на живот, а зад кој се потпишуваат нашите уметници Сања Симоска, Сали Ертунц и Бранкица Јорданковска.

Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.

Низ релативно едноставен процес на ревитализација, со лесно превземливи чекори, овој престор станува мешавина од возобновени стари вредности и квалитативни новости. Од обична минувачла точка, избраната локација станува градски велосипедски акцент.

Фото: Скопје Лаб – Центар за иновации

 

 

Објавено:
30 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.029 пати