Прекрасен стан во пролетни сини нијанси

8 април 2022

Пастелните бои во домот изгледаат нежно, а сепак привлечно. Тоа се гледа и од примерот на Инстаграм профилот @home_stories_ на хрватската блогерка Матеа.

Низ просторот доминираат сини нијанси, кујната е комплетно сина и изгледа фантастично!

Во комбинација со бели елементи, навистина изгледа чисто и привлечно. Матеа се погрижила и за деталите, па и садовите кои ги има се во слични нијанси. Колекционер е и вели дека има речиси 100 парчиња со сино-бел дезен.

Остатокот од домот е комбинација повторно на сини нијанси во комбинација со други бои како портокаловата, кафената, црвената, зелената, зависи од сезоната, но сите комплементарни на сината..

Спалната соба, како и главната гарнитура повторно се во сини нијанси, кои будат атмосфера на убава пролет и лето.

Инаку, сопственичката живеела повеќе години во Шведска, па очигледно дека скандинавската естетика ѝ се допаднала и мошне успешно ја имплементирала во домот.

Погледнете ги нејзините фотографии и инспирирајте се, навистина се' изгледа волшебно:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
8 април 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.350 пати