Прекрасно: Андреа Бочели и неговата осумгодишна ќерка ја отпеаја „Hallelujah“

15 декември 2020

Славниот тенор, Андреа Бочели, на сите ни остави длабока емоција со неговиот велигденски концерт во екот на пандемијата, што во живо низ цел свет се пренесуваше од празната миланска катедрала Дуомо.

Изминатиов викенд пак, приреди магичен божиќен концерт, во празната сала на легендарниот „Teatro Regio di Parma".

Концертот носеше наслов „Beliеve in Christmas", а специјална гостинка беше неговата осумгодишна ќерка Вирџинија.

Тие заедно ја отпеаја песната „Halleluja“ и звучат одлично.

Слушнете ја и уживајте:

 

Објавено:
15 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.957 пати