Преку глава ви е од лоши вести? Ова е текстот за вас!

31 јануари 2019

Факт е дека секојдневно од секаде сме опркужени со лоши вести. Преовладуваат на социјалните мрежи, медиумите до тој степен што кога ќе слушнете нешто позитивно, го восприемате како нешто посебно, иако се работи за нешто вообичаено. 

Мауро Гати е уметник кој презаситен од лоши вести одлучил да направи нешто за да го смени тоа. Користејќи го својот талент, тој создал симпатични илустрации со кои посочил на добрите вести што се случиле изминатата година, или нешто пред тоа, а за кои веројатно не сме ни свесни ниту пак сме ги чуле. 

Целта е да покаже дека не е сè така црно, но исто така и да поттикне ширење на позитивна енергија, а воедно со ова да поттикне нови добри вести. 

Во галеријата погледнете некои од нив:

 

Шкотска е првата земја која бесплатно им дава хигиенски производи на жени со мали примања и студентки.

 

Докторите во руралниот дел на Руанда сега можат да порачаат доза крв и медицински материјали по порака, а истите да им се достават потоа со дрон.


Стапката на смрт предизвикана од ракот на дојка е намалена за 39%.

 

Компаниите кои произведуваат пиво, создале пакување со кои се хранат желките, наместо да ги убиваат.

 

Бројот на тигри во Непал на неполни 10 години е за два пати зголемен.

 

Еден град во Италија го присвоил Законот со кој смеат да се употребуваат само „тивки огномети“, со цел да се намали стресот и анксиозноста кај кучињата.

 

Франција е првата земја која воведе забрана на сите маркети да го фрлаат вишокот храна. Тие мора да ја донираат или ќе платат казна.

 

Франција е и првата земја која строго ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите.

 

Судот во Јужна Кореја донесе одлука да се забрани убивањето на кучињата за користење на нивно месо.

 

Калифорнија е првата земја во која е забрането тестирањето козметички производи врз животни.

 

Адидас неодамна откри дека успеал да продаде преку милион чифта патики кои се направени од пластиката од океаните.


Речиси 1.2 милијарди луѓе во светот добиле пристап до електрична енергија во последниве 16 години.

 

Две компании од Лондон и Виена, остатоците од леб ги претвораат во пиво, со цел да го спречат фрлањето храна.

 

Еден татко доби трансплатација на бубрег благодарение на маица со натпис „Потребен ми е бубрег“, која ја носел додека со семејството шетал во Дизни паркот.

 

1.5 милиони волонтери од Мадја Парадеш поставиле нов светски рекорд: посадиле 66 милиони дрвја за 12 часа.

 

Останатите погледнете ги тука.

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
262 пати