Преслушајте го новиот албум на Ријана ANTI

28 јануари 2016

Долго очекуваниот албум ANTI на единствената Ријана конечно е објавен и достапен за сите обожаватели преку мрежата Tidal. 

По неколку месеци најави и мистериозни видеа објавени од пејачката, целосниот албум може да се слушне и да се симне бесплатно преку споменатата музичка мрежа, како подарок од пејачката за сите нејзини обожаватели. 

Првата песна од албумот што беше објавена вчера е песната Work на која таа соработува со раперот Drake со кого и беше во врска. 

Албумот е составен од 13 песни и моментално е достапен за преслушување ексклузивно на Tidal, каде можете и да го симнете откако ќе се логирате како корисник. 

Додека го направите тоа, песните од новиот албум на Ријана можете да ги преслушате на следниот линк, а задолжително погледнете го и неверојатното видео што таа го направи во соработка со Самсунг.

 

Објавено:
28 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
396 пати