Приказната за тангото раскажана преку балет – „Либертанго“ на сцената на НОБ

17 јуни 2019

На 20 јуни (четврток) во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго" - Астор Пјацола.

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето...

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија)
Режисер и либретист: Наташа Поплавска
Сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат:
Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова
Висенте „Нонино" Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска

Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски

Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска
3 гангстери и танго-танчари: Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија)
Пјацола дете: Марко Здравковски
Пјацола млад: Ендру Кук (Англија)
Пјацола стар: Драган Кочоски
Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
436 пати