Приказната зад хитот „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ

29 јули 2020

На денешен ден пред две години, Балканот се збогуваше со Оливер Драгојевиќ. Еден од најпопуларните хрватски пејачи и автори зад себе остави огромно музичко богатство.

Меѓу неговите најпопуларни песни е и хитот „Цесарица“, зад која се крие интересна приказна, откриена во биографската книга „Splitska dica - od zidića do vječnosti“, зад која се потпишува новинарот и музичкиот критичар, Златко Гал.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BOLD BAR (@bold_bar) onJul 29, 2020 at 3:59am PDT

„Цесарица“ беше пресврт и на се' што сакав да правам, му даде посебен шмек. После таа песна почнаа да ме слушаат и млади, едноставно ме откри една сосема нова публика. „Цесарица“ направи од нафталин да ми извадат и стари снимки, па младите кои никогаш дотогаш не ме слушале, да се свртат кон класиците „Папе“, „Галеб“... Така, направив да станат свесни дека и јас постојам, но дека сум постоел и пред новите песни. Очигледно ги откриле, бидејќи кога и да настапував во дискотеки, тие беа полни со нова публика, која ги знаеше сите мои стари песни на памет“, изјавил Оливер во една пригода, а воедно е еден ивадок од споменатата книга.

Инаку, автор на музиката и текстот на песната е Џибони. Во биографијата се појавува и неговото објаснување за тоа како ја создал песната .

„Зденко Рунјиќ го запознав претходно, на Сплитскиот фестивал во 1990 година, а кога слушнав дека го организира фестивалот „Мелодии на хрватскиот Јадран“, му понудив две песни кои ги имав напишано. Едната беше „Цесарица“, а втората „Добри људи“. Зденко ме праша, која ми е подрага, која би ја пеел сам, без размислување одговорив „Добри људи“. За мене, стопати е подобра од другата“. Зденко се согласи да ја пеам „Добри људи“, а за „Цесарица“ ми кажа дека му изгледа дека би можела да му се допадне на Оливер. Се надевав дека ќе биде така... Наредниот ден отидов кај Оливер дома, тој ја слушна песната и му се допадна, а јас со пенкало, на парче хартија го испишав текстот. Го оставив на клавирот, а ние двајца седнавме во дневната соба, муабетевме и пиевме вино... Не ни забележавме дека неговото куче Луда за тоа време веќе ја има изџвакано хартијата со текстот на песната. Едвај повторно ја напишав, по сеќавање!“ вели Џибони.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by D.INSPOOFFICIAL (@d.inspoofficial) onJul 29, 2020 at 2:46am PDT

 

И снимањето на песната било различно од останатите снимања на Оливер, кои најчесто биле направени во еден здив.

„Оливер отиде во студио да ја сними „Цесарица“, но пред тоа го праша Џибони како сака да ја  отпее, бидејќи, како што му рече, „песната е супер, но малку чудна“. Џибони пак, му рече да ја отпее по свое, како што тој умее. Оливер сними неколку верзии и на крај и двајцата беа задоволни.  Дома дојде со снимката и ние неколку дена ја слушавме, бидејќи ни беше прекрасна. Но, на другите не им се допадна многу на прво слушање. Се сеќавам дека неколку дена пред фестивалот, на гости ни дојде и мајка ми. Кога ја слушна „Цесарица“, во доверба и скришно, да не ја слушне Оливер ми рече: „Леле Весна, од сите песни, Оливер за фестивал ја одбрал најлошата“. Мислам дека многумина не можеа веднаш да ја сфатат песната, но кога „тргна“ некаде после летото, само таа се слушаше насекаде“, во една пригода изјавила сопругата на пејачот, Весна.

 

Инаку, Оливер ја снимил „Цесарица“ за два часа. Тоа било вистинско чудо, бидејќи, само за споредба, целиот албум „Тешко  ми је путовати“ го снимил за само четири часа.

Ова била голема чест за Џибони и му импонирало како на автор, бидејќи се гледало дека на Оливер му е важна песната и дека ја доживува поинаку.

За песната е снимен и спот, а во него се појавува, тогаш многу младата, 16-годишната Ања Јеласка. Таа денеска има 42 години и е директорка на Центарот за аутизам во Сплит.

„Приказната е едноставна. Покојниот Оливер беше семеен пријател со моите родители, односно мојот покоен очув, кој во тоа време беше службен снимател на Хајдук, но снимаше и музички спотови за Оливер, Џибони, Дорис Драгојевиќ... Во нашата куќа често доаѓаа познатли личности од естрадата, а во една прилика, Љубо Стипшиќ, кој беше голем семеен пријател, дојде кај нас со Оливер. Разговараа за тоа како ќе снимаат спот за „Цесарица“, а спотот се снимаше пред настапот на „Мелодии на хрватскиот Јадран“. Во тој разговор се појави прашањето кој ќе ја глуми „цесарица“. Им требаше некоја млада девојка. Во тој момент јас влегов во собата и Оливер веднаш рече: „Еве, нашата малечка ќе биде цесарица“, раскажа Ања во една прилика за „Слободна Далмација“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anja Jelaska (@anjajelaska78) onJul 26, 2019 at 12:11pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anja Jelaska (@anjajelaska78) onJul 3, 2020 at 10:58am PDT

И да, таа се појавува во спотот снимен 1993 година, а и 26 години подоцна, изгледа одлично.

 

Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.840 пати