Природен спа базен во Тоскана го одзема здивот!

11 јули 2019

Ако сè уште немате планови за летово, а сакате да пробате нешто сосема поразлично, тогаш ова е текстот за вас.

Станува збор за неверојатен спа базен во магичната Тоскана што е вистински празник за очите и подеднакво уживање какво што мора да си дозволите барем еднаш во животот.

Тоскана сама по себе е неверојатно место полно романтика и шарм, а доколку го додадеме ова чудо на природата, тогаш го имате одморот од соништата.

Терминалните извори Cascate del Mulino на прв поглед потсетуваат на нереален базен, окружен со фантастична природа и уште посмирувачка атмосфера.

За целата работа да биде уште помагична, треба да знаете дека водата доаѓа од подземни извори и е целосно недопрена и природна, а во текот на летото, неверојатно топла.

Покрај тоа што ќе уживате, овие термални извори позитивно ќе влијаат на вашето здравје, бидејќи се супер лековити кога станува збор за целокупното здравје.

Она што е интересно е тоа што на ова фантастично место може да ужива секој, бидејќи посетата на овие извори е сто проценти бесплатна.

Ви се допаѓаат ли?

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
766 пати