Продажна изложба на домашни дизајни во „Јавна соба“

5 февруари 2016

Утре во концептуалната продавница „Јавна соба" ќе биде отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии поддржани од Министерството за култура во 2015 година.

Изложбата со почеток во 12 часот ќе ја отвори министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на истата ќе учествуваат вкупно 17 изложувачи од различни креативни области:

Лидија Пајевиќ
Душата на скриениот град

Креативно Студио Преплет
„Кирилица применета на македонски дизајнерски производи"

Бранка Данчевска
„Алуринг"

Ирина Тошева
Колекција „Дома"

Кирче Стојоски
Дизајнерска игра со традицијата

.Тамара Георгиевска
"We and Nature" - зголемување на асортиман на производи

Натали Ристовска
Stripe - мултифункционална и модуларна коцка

Мима Пејоска
ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК

Катерина Теодорова и Марта Мојсова
Креативна Реанимација

Марија Нововиќ-Јовановска
Носиварт - рачна изработка на еко т(в)орби

Владимир Благојевиќ
Владодлак Имагинариум (Vladodlak Imaginarium)

Марија Ветероска Трпкоски
Cycle recycle by Brum brum

Митко Занов
"The Naked Dawn" (Голата мугра)

Глигор Кузмановски-Скопје
Фабрика, човек, измеѓу

Дијана Томиќ Радевска
Ревитализација на старите принципи на изработка на килими во функција на воспоставување на повисоки естетски критериуми во современиот дизајн на килими Центар за традиционални занаети „Стара скопска чаршија"

Александар Дудески
Развој на керамички производ - дизајн и изработка

.Фондација Никола Кљусев
Со дарба до бизнис

Изложбата ќе биде отворена до 20 часот.

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
332 пати