The Protagonist објавија нов албум: „Absolute Attitude“

25 јуни 2020

The Protagonist, еден од најпрогресивните алтернативни бендови, го издаде вториот по ред албум наречен "Absolute Attitude".

Бендот претходно објави три синглови од овој албум "Mono Maniac", "Milion Miles Milion Lives" и „Panic City" проследени со видео записи.

"Absolute Attitude" е сниман во Скопје и Берлин додека финалните миксови се изработени во Берлин. Mастеринг изработи познатиот британски саунд инженер Simon Heyworth (Nick Cave, King Crimson, Goldfrapp, Mike Oldfield, Ennio Morricone...) со кого бендот соработува подолго време.

The Protagonist егзистира и работи во Берлин, бендот моментално е фокусиран на третиот албум ("ACT!") кој треба да се појави следната година.

"Absolute Attitude"е еклектичен албум, кој изобилува со музички текстури, мелодии и богати аранжмани. Неговaта длабочина и епски звуци блескаат преку моќните стихови на емотивниот вокал. Албумот сам по себе е едно уникатно музичко патување.

„Absolute Attitude", e достапен на повеќе од 40 најпознати музички платформи како Spotify, Apple Music, Amazon, Tidel, Shazam, Google Play Music и др.

Фотографијата на коверот е дело на Xоландскиот фотограф Пит Ван Ден Бемд изработена во Скервој / Норвешка.

Објавено:
25 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
232 пати
Тагови: 
The Protagonist