Прв холограмски музички фестивал во Скопје

3 јули 2017

Изминатиот период кампањата #АјдеПогласноСкопје која го исполни главниот град со шарени балони го привлече вниманието на скопјани, но и на медиумите.

Тоа беше всушност најава за ексклузивниот, уникатен и прв од ваков тип во регионот, холограмски музички фестивал кој од 15-ти до 17-ти септември ќе се одржи во Скопје.

„Хало фестивалс" е првата интернационална тура на холограмски музички фестивали, која младите организатори ја започнуваат токму во нивниот роден град, Скопје. Иако е македонски проект, концептот го привлече вниманието на европската музичка индустрија, па дури и пред првото случувањето на фестивалот во Скопје, закажан е и вториот „Хало фестивал" во Шведска, 2018 година.

Како спој од напредна технологија (холограми) и музичката индустрија, фестивалот обединува и групи на креативни граѓани, здруженија, локални фестивали, како и најдобрите ИТ компании од Македонија.
Холограмскиот фестивал кој ќе се одржи од 15-ти до 17-ти септември оваа година, освен што ветува уникатно искуство со досега најмодерната холограмска технологија, ќе понуди и богата музичка програма со локални, но и интернационални артисти чии што настапи ќе бидат во живо и во форма на холограми.
Организаторите засега не ја откриваат музичката програма, но ветуваат одлична забава.

Фестивалот можете да го следите на социјалните медиуми и официјалната веб страна каде што во наредниот период ќе бидат објавени ексклузивните изведувачи и активностите поврзани со фестивалот.

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
156 пати