Прв концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири, сосема поинакво музичко издание

4 април 2019

Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите во Македонска Филхармонија на 20 април со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо".

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш" и ,„Генерале", која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови" на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се веќе во продажба во „Југотон" и преку продажната мрежа на „КУПИ КАРТИ ЗА СЕ".

Објавено:
4 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
193 пати