Прва самостојна изложба на манекенката Елена Гугоска

8 јуни 2016

Во рамки на претстојното издание на „Паратисима Скопје“, познатата манекенка Елена Гугоска ќе има изложба каде ќе ги претстави нејзините навистина интересни дела.

Нејзината иницијатива да направи неколку дела на Европски знаменитости се претвори во проектот наречен #projectDrawEurope кој во петок ќе можеме да го видиме во рамки на нејзината прва изложба.

Најубавите европски градови беа видени и осмислени како концепт токму од самата Елена. Инаку, таа наскоро ќе дипломира на студиската програма менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.

Со моделинг се занимава веќе осум години, а соработува со модната агенција Моделс ИН и од таму велат дека и како уметник и како модел е комплетна во своите раскошни таленти. 

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
574 пати