Психолог открива седум докази дека сте одлична мајка

2 октомври 2019

„Да се биде родител и најубавата, но и најтешката задача“, е најчестиот одговор на луѓето кои се оствариле во улогата на родители.

Во денешно време, со новите технологии и брзиот начин на живот, родителите често се грижат и имаат сомнежи дали добро постапуваат со своите деца, дали успеваат да ги одржат стандардите на добро воспитување. 

Психологот и авторка на книгата „Tales from the Parenting Trenches: a clinical psychologist vs motherhood“, Надин ван ден Линден, октрива неколку правила преку кои можете да препознаете дали сте добар родител, а ви ги пренесуваме во продолжение:

Детето покажува различни емоции пред вас

-Можеби понекогаш изгледа дека нема потреба детето да ги изразува своите емоции пред вас, но неговата способност да изрази лутина, тага или страв, е добар знак, затоа што покажува дека се чувствува сигурно. Потрудете се детето да не се затвора и не го спречувајте изразувањето на неговите емоции. Обрнете внимание што ви кажува и бидете благодарни за тоа.

„Видов како удираше во ѕид и дека беше многу лут. А ти ми кажа дека тоа е поради тоа што сестра ти не ти дозволи да си играш“, со оваа реченица му покажувате на детето дека можете да ги поднесете и да ги разберете неговите чувства.

Доаѓа кај вас кога ќе се повреди или има некој проблем

На тој начин се овозможиле сигурен дом во кој детето доаѓа кога му треба помош и во вас го препознава тоа. Слушањето на неговите проблеми, создава прекрасен и отворен однос помеѓу мајката и детето за работите кои се тешки во животот и за кои му е потребна помош околу решавањето.

Може да разговара за размислувањата и чувствата без страв

Се работи за тоа дека детето позитивно го прифаќа отворениот и флексибилен однос. Некои родители несвесно со своето однесување ја ограничуваат комуникацијата со детето. Тоа го прават кога претерасно реагираат на размислувањата или чувствата кои не им се допаѓаат или кои ги доведуваат во прашање 

Другите родители се толку кревки што децата да ги оптоваруваат со своите мисли и чувства

„Загрижена сум кога родителот ќе рече: „Моето дете и моја карпа“. Родителите се карпи, децата тоа никогаш не би требало да бидат. Можете да ги поддржите мислите и чувствата на детето без разлика на тоа кои сте. Ако ви е потребна дополнителна поддршка, тоа барајте го во и со друга возрасна личност, но не со детето“, вели психологот.

Повратната информација не е лоша

Добрите родители ги избегнуваат ознаките „лош“, „алчен“, „мрзелив“. Ако вашето дете ги изеде сите чоколадни колачи, а не ги дели со другите, добрата мајка ќе му укаже на однесувањето. „Ги изеде колачите, а не подели со сестрата или братот. Што мислиш, како би можел да се искупиш на семејството за ова?“. Оваа реченица е соема поинаква отколку на детето да му кажете „Ти си алчно дете, оди во својата соба!“.

Ги поттикнувате интересите и талентите на детето

Со развивањето на интересите и талентите, детето развива вештини и постигнува резултати. Убаво е да напредува во нешто што го сака. Понекогаш, родителите управуваат со интересите на детето за да ги исполнат своите соништа, а тоа не е добро. Таквите постапки можат да доведат до тоа детето да се чувствува неуспешно. Исто така, децата ќе го носат товарот на разочараниот родител и сопственото разочарување.

Правите граници за детето да се чувствува сигурно

Добрите родители секогаш ќе го насочуваат однесувањето на детето со поставување на граници. Ако не ги поставувате правилата иг раниците, тие често ќе се наоѓаат во неволја. Границите помагаат да се чувствуваат сакано и ценето, па дури и ако понекогаш не им се допаѓаат границите. Некои од примерите на добро поставени граници и правила се: Рутина на спиење и пристојно изразување во и кон семејството.

Ги поправате своите грешки

Да се биде во состојба да се поправи односот со детето е показател на добар родител. Не викајте на детето, туку потрудете се со разговор да ја решите ситуацијата, објаснувајќи дека и на вас ви треба помош околу чувствата и дека сите понекогаш прават грешки.

 

Објавено:
2 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.403 пати