Психолошкиот трилер „Сите знаат“ во кината од 24 јануари

23 јануари 2019

Долгоочекуваниот филм на Ашгар Фаради што ја имаше својата премиера на Филмскиот Фестивал во Торонто, пристигнува во домашните кина благодарение на MCF MK.

„Сите Знаат“ е мистериозна приказна која нè воведува во животот на семејството кое се собира да прослави венчавка во живописно село во близина на Мадрид. 

Лаура со семејството патува од Буенос Аирес во родното место во Шпанија на свадбата на својата сестра. За време на прославата на семејниот собир, нејзината постара ќерка е киднапирана. 

Во тешките денови што следат, расте тензијата меѓу членовите на семејството и познаниците, а на површина излегуваат длабоко чувани тајни.

Бардем и Круз се одлични во своите улоги, а додека се борат да ја пронајдат нивната ќерка, емоциите кои некогаш гореле во нив повторно се јавуваат.

Фаради сака да посвети време на ткаење замрсени мрежи околу своите ликови. Пред да почне со драмата, сака публиката да ги запознае ликовите и нивните меѓусебни односи. 

Двојниот добитник на Оскар го сними своето последно дело на шпански јазик и беше одбран да го отвори 71-то издание на Канскиот Филмски Фестивал. 

Во домашните кина ќе започне со прикажување од 24 јануари.

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
446 пати