Раде Шербеџија со концерт во Македонска филхармонија

24 декември 2019

Најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25-ти февруари.

За да задоволството биде уште поголемо, концертот ќе биде во навистина незаменливиот амбиент на Македонската филхармонија.

Раде Шербеџија овој пат во Скопје доаѓа со концептот „Ти би хтјела пјесмом да ти кажем“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес", „Мени се душо од тебе не растаје", „Чекај ме", „Имам пјесму за тебе" и др.

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор" од Загреб.

Влезниците за концертот на Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба утре (25.12) наутро, по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.

Харизматичниот Раде доаѓа во Скопје- настан што дефинитивно не се пропушта!

ВАЖНО: Се одржува само еден ексклузивен концерт!

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
163 пати