Ралф Фајнс и Били Пајпер – ѕвезди на Театарските британски награди

15 ноември 2016

Маестралниот Ралф Фајнс и маркантната Били Пајпер беа ѕвездите на вечерта, на доделувањето на престижните театарски награди „Evening Standard Theatre Awards" во Лондон, кои ги добија признанијата за најдобар актер односно актерка.

Традиционално по 62 пат, доделувањето на наградите се одржа во британската престолнина, во театарот „The Old Vic", каде на едно место се собра театарската елита.

Наградите традиционално, секој ноември ги доделува авторитетниот британски весник London Evening Standard, исклучиво во полето на театарската уметност.

Помеѓу присутните гости, како и секоја година, беа значајни имиња од различни области на уметноста: Елтон Џон, Џон Малкович, Орландо Блум, Елизабет Харли, Принцот Вилијам и други познати гости.

 

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
73 пати