Раскошна изложба во Париз по повод 70 години Диор

12 јули 2017

Во модната историја, само неколку брендови може да се пофалат со импресивна традиција од децении успешен континуитет. Диор несомнено е еден од најзначајните меѓу нив. По повод 70-години јубилеј на овој луксузен француски моден бренд, неодамна во Париз е отворена ретроспективна изложба во музејот „ The Musée des Arts Décoratifs".

@dior

Овде пред посетителите несебично е отворен магичниот свет што го создавал Кристијан Диор, креаторот на иконскиот „New Look".

Но, овде фокусот не е само на основачот на брендот, туку изложбата ги вклучува и дел од импресивните дела на неговите наследници како Ив Сен Лоран, Џон Галијано, Раф Симонс, како и последната креативна директорка Марија Грација Кјури, која воедно е првата жена на чело на модната куќа.

@dior

Пространиот и светол изложбен простор на музејот совршено одговара на потребите, приказната да биде раскажана во целост.

Ако ве води патот кон Париз, изложбата ќе биде отворена до 7 јануари 2018 година.

@dior

@jillamadei

@jillamadei

@julie_huajun

@julie_huajun

 

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
193 пати