Ретро флеш: Се потсетуваме на македонската поп сцена од најдобрите времиња

22 мај 2020

Петок е, викендот е пред нас и е одличен момент за музика.

Нашата денешна плејлиста е ретро поглед кон крајот на 90-те и почетокот на 2000-те на македонската поп сцена, што многумина и со право го посочуваат како најплоден и најдобар период на домашната поп музика.
Генерациите од тоа време паметат дека тогаш домашна поп музика се слушаше исто колку и странска, дури можеби и повеќе. Изборот беше голем, музичарите мотивирани, публиката задоволна. Музичката индустрија сериозно работеше на градење нови ликови. Се правеа видео записи кои во секој поглед парираа на тоа што се правеше во регионот, па и пошироко.

Се слушаше македонска поп музика!

Нокаут, Ареа, Тоше, Каролина, Ерзана, Магија, P.S, Ребека, Кучешка тенија и Ристо Бомбата, Студени нозе, Дарио и Миг21, Нови дечки, Ена Веко, Угро, Александар Митевски, Бени и Нон Стоп, Биба Додева, Врчак, Куку леле, Кристина Арнаудова, Суперхикс, Александар Ристовски - Принц и низата продолжува...

Нам оваа плејлиста ни донесе убаво петочно расположение во канцеларија, а веруваме дека и за вас ќе биде одлична музичка подлога за претстојниот продолжен викенд.

 

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
936 пати