Ријана по шест години објавува нова песна

27 октомври 2022

Популарната пејачка Ријана на својот Инстаграм прифил вчера објави тизер за нејзината нова песна-прва по цели шест години.

Песната го носи називот „Lift Me Up", и всушност се работи за нумера која ќе биде дел од саундтракот на новиот филм на Марвел, „Black Panther: Wakanda Forever", за кој се верува дека ќе биде кандидат за Оскар.

Фото: Instagram

Последниот албум што го објави пејачката беше ANTI, објавен во 2016 година, а во меѓувреме таа се занимаваше и со ред други деловни и приватни потфати, меѓу кои мајчинството и нејзините брендови Fenty Beauty и Savage x Fenty, кои вредат повеќе од милијарда долари.

Во меѓувреме, таа го имаше и нејзиното прво опјавување на свеченост по породувањето. На премиерата на филмот „Black Panther: Wakanda Forever", пејачката се појави во креација на Рик Овенс во придружба на партнерот Ејсап Роки.

Фото: maxblizz.com

Фото: maxblizz.com

Фото: maxblizz.com

Фото: maxblizz.com

Во текот на следната година, Ријана ќе настапува на полувремето на Суперболот, за што пејачката открива дека е многу возбудена.

Нејзините фанови се еднакво возбудени и со нетрпение очекуваат да видат што следи во нејзината кариера, како и песната „Lift Me Up", која ќе биде официјално објавена утре, на 28 октомври.

Слушнете го тизерот подолу.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Објавено:
27 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
137 пати