Роберт Де Ниро доаѓа во Сараево

9 август 2016

Светски познатиот актер, режисер и продуцент Роберт Де Ниро е добитник на првото Почесно Срце на Сараево за животно дело за исклучителен придонес во филмската уметност.

Најголемото признание од Сараевскиот филмски фестивал на актерот ќе му биде врачено на свеченото отворање на 22 – то издание на фестивалот закажано за 12 август во Сараево.

На сараевската публика тој ќе им го претстави филмот со кој и ќе се отвори фестивалот, познатиот „Taxi Driver“, овој пат во малку поинакво издание по повод 40 годишнината од филмот.

Филмските критичари и публиката го прогласија овој филм за еден од најзначајните на сите времиња. Филмот беше номиниран за Оскар во четири категории, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, најдобар актер, а Де Ниро освои и Златна палма на Канскиот филмски фестивал во 1976 – тата година и два Златни Глобуси.

Инаку, актерот два пати доби Оскар, пет пати беше номиниран и награден со бројни признанија ширум светот, а токму во Сараево ќе добие уште една неверојатно значајна.

Во рамки на специјалниот настан посветен на актерот, на филмскиот фестивал во Сараево тој ќе говори за неговиот живот и дело.

Извор: Journal.hr

Објавено:
9 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
332 пати