Роденденски изненадувања од „Матица“

5 октомври 2015

Месецот октомври ќе биде во знакот на 24-от роденден на книгоиздателството „Матица“. По тој повод тие одлучија сите нивни верни пријатели и читатели да ги изненадат со интересни активности.

Дел од тимот на Fashionel.mk денес го посети „Булеварот на книгите“, каде и самите се уверивме во празничното расположение.

-„Матица“ роденденот ќе го прослави со своите читатели, со тоа што овој месец, од 5-ти до 25-ти, организираме разни активности. Повеќето македонски и светски автори ќе бидат на попуст од 50 проценти, со што сакаме овој месец да го ставиме во сервис на читателите, да можат да си одберат книги што ќе им се допаднат и да ја збогатат својата библиотека – ни изјави Владимир Михајловски, дел од менаџерскиот тим на „Матица“.

Тој додаде дека денеска е актуелна промоцијата на новото издание на Лусинда Рајли „Сенки од минатото“.

-Сите што ќе се одлучат да ја купат, ќе имаат попуст од 30 проценти. Покрај Рајли, на читателите им се достапни и новите изданија на Божин Павловски, за помладата публика Верче Каранфиловска, потоа од странските Алед Хосеини и уште многу други автори – вели Михајловски.

Ние денеска се дружевме и со дел од нашите читатели, на кои „Матица“ им го подари најновото издание од Лусинда Рајли.

Јелена Ѓорѓевиќ, една од добитничките на „Сенки од минатото“

Искористете го роденденското расположение и уживајте во изданијата што несомнено ќе ви го задржат вниманието. Нека овој октомври и вам ви биде во знакот на убавиот пишан збор.

Објавено:
5 октомври 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.277 пати