Руши рекодри: „Spired Man: Far from home“ за една недела заработи 580 милиони

9 јули 2019

Последното издание на омилената приказна за Спајдермен со наслов „Spired Man: Far from home“, ги сруши сите рекорди откако само една недела по прикажувањето заработи повеќе од 185 милиони долари.

Со оваа заработка, филмот го надмина рекордот за најголема шестдневна заработка, нешто што ќе биде тешко да го достигне некој друг филм.

Речиси сите критики за филмот се одлични, а за истото сведочи и фактот што филмот доби позитивни оценки на imdb и rotten tomatoes.

Дека филмот ќе биде вистински летен хит покажува и заработката и во останатите делови од светот, која изнесува неверојатни 395 милиони долари, со што вкупната бројка достигнува 580 милиони долари од цел свет.

Во улогата на Спајдермен повторно го гледаме актерот Том Холанд кој за многумина е еден од најдобрите досега, Семјуел Л.Џексон во улогата на Ник Фјури, додека Џејк Гиленхал ја толкува улогата на Мистерио.

 Инфо:tportal.hr

Фото: Empire

Објавено:
9 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
159 пати