Русија го има најголемиот мурал во светот

7 јули 2017

Во местото Викса, Русија, минатиот месец се о одржа фестивал за урбана уметност „ArtOvrag“, во организација на креативно здружение насловено „Артмосфера“.

Тие покренаа идеја, која трае уште од зимата, да го создадат најголемиот мурал во светот, но да биде направен од еден уметник.

Реализацијата се случи на споменатиот фестивал. За иницијативата се пријавиле околу 260 уметици од 34 земји од различни страни на светот. По разгледаните цртежи, од здружението одлучиле дека муралот ќе го изработи уличната уметница Миша Мост од Русија.

Инаку, се работи за површина од 10.800 метри квадратни, односно муралот ја покрива фазадата на фабрика за челик стара 260 години, која се  наоѓа исто така во Викса.

Од „Артмосфера“ нагласуваат дека не се работи за дело на дуо или група уметници, ниту пак за некаква соработка или за да се стане славен. Се работи за работа на еден уметник, кој има 35 дена да го заврши муралот со помош на пет асистенти.

Погледнете ја досегашната работа, а инаку сè уште има простор кој треба да се доработи во предвидениот рок.

Објавено:
7 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
108 пати
Извор: 
boredpanda.com