Самоуверените луѓе не бараат внимание

15 август 2019

Остварените луѓе знаат колку вредат и не бараат тоа да им го потврди околината. Не им треба одобрување за да се почувствуваат вредни за љубов, пријателство или постоење воопшто.

Во психологијата се наведуваат низа карактеристики, заеднички за самоуверените луѓе. Се работи за карактеристики што може да се изградат и зајакнат, што подразбра дека секој може да работи на нивното учење.

Во продолжение издвојуваме неколку:

-Не се плашат да признаат дека погрешиле. Сите понекогаш правиме грешки. Самоуверените луѓе ја прифаќаат одговорноста за направената грешка и грешките ги сфаќаат како составен дел од животот.

-Самоуверените луѓе не дозволуваат стравот да ги надвладее или успори. Спремни се да преземат ризик за кој друг не би ни помислил.

-Не бараат внимание и одобрување од околината.

-Посветуваат внимание на својата физичка и ментална состојба. Дури и духовните луѓе, порано или подоцна сфаќаат дека треба да водат грижа и за здравјето на своето тело.

-Немаат проблем да кажат НЕ. Доколку не им одговара друштвото, идејата или предлогот, тие едноставно кажуваат не и знаат дека тоа е сосема во ред.

-Не ги осудуваат другите луѓе. За вистински да се почитуваме и цениме себе, мора да сфатиме дека секоја личност на овој свет е вредна на свој начин.

 

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
468 пати