„Самсон и Далила“ - Приказна за страста, заведувањето, предавството и смртта

12 февруари 2020

Доколку уште од сега размислувате како би го искористиле викендот и си го планирате времето, ние имаме предлог - балетот „Самсон и Далила“.

Музиката е на Камиј Сен-Санс, додека пак кореографијата е на Роналд Савковиќ (Хрватска). 

Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

„Самсон и Далила" обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО.

Балетската претстава е закажана за 15 февруари (сабота) со почеток од 20 часот, а билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk

 

Објавено:
12 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
455 пати