Сараевскиот филмски фестивал ќе го одржи 28-то издание во периодот од 12 до 19 август

5 август 2022

Дваесет филмови ќе имаат светски премиери во натпреварувачките секции на 28. Сараевски филмски фестивал ќе се одржи во периодот од 12 до 19 август, додека пак вкупно 51 филмски наслови ќе се натпреваруваат за наградите „Срцето на Сараево", во четири натпреварувачки секции: игран филм, документарен филм, краток филм и студентски филм. Осум од филмовите се меѓународни премиери, со едно европско деби, 21 регионална премиера и една национална премиера.

Фото: Facebook

Во главната категорија „долгометражен филм" се состои од осум наслови, од кои четири се светски премиери, а пет се во режија на жени. Тука спаѓа и светската премиера на босанскиот филм на Аида Бегиќ „Балада".

Босанската режисерка Бегиќ претходно има снимено три долгометражни филмови, вклучувајќи го и дебитантскиот „Снег" во 2008 година, кој ја освои Големата награда на Неделата на критиката во Кан; и „Children Of Sarajevo" од 2012 година, за кој доби специјална одлика од жирито во Un Certain Regard.

Регионалните премиери во делот на долгометражниот филм ги вклучуваат популарниот наслов на Мари Кројцер од Кан за 2022 година, „Corsage', и победничкиот филм „Klondike" на Марина Ер Горбах, кој победи на Украинскиот Санденс.

Жирито за категоријата ќе ги избере победниците за најдобар филм, режисер, актерка и актер, доделувајќи вкупно 31.000 евра како парична награда.

Фото: Facebook

Категоријата „Документарен филм" вклучува 13 натпреварувачи, од кои пет се светски премиери. Тука спаѓа и украинскиот „Diary Of A Bride Of Christ", на Марта Смеречинска.

Натпреварувачките секции во Сараево се отворени за филмови и филмаџии од балканскиот и источноевропскиот регион. Креативната директорка Изета Градевиќ го предводеше овогодинешниот избор, избирајќи од 761 пријавување, од кои 160 се играни филмови.

Фестивалот ќе биде отворен со „Triangle Of Sadness" на Рубен Остлунд. Шведскиот режисер е еден од тројцата досега објавени почесни награди, покрај режисерите Сергеј Лозница и Пол Шрадер.

Во рамките на фестивалот исто така, актерот Џеси Ајзенберг ќе биде одликуван со почесното „Срце на Сараево". Наградата ќе му биде врачена пред специјалната проекција на неговото режисерското деби  „When You Finish Saving The World" на 15 август.

Фото: Facebook

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
58 пати