Да, добро прочитавте. Во Калифорнија во јануари ќе се отвори „Hotella Nutella“, а веста ги израдува сите обожаватели на популарниот крем.
Од фотографиите што се достапни во медиумите, а се работи за 3Д приказ на просториите, се гледа дека внатрешноста ќе биде комплетно уредена со логото на брендот и препознатливите теглички. Инаку, тој е сè уште во изградба, а се наоѓа на приватен имот, во долината Напа.
Сепак, се работи за поп-ап хотел, кој после неколку дена од “отворањето“ нема веќе ни да постои. Имено, хотелот ќе биде отворен само еден викенд и ќе нуди сместување за две ноќи и три дена. Оброците за појадокот секако ќе содржат „Нутела“.
По овој повод е организиран и натпревар. Оние што сакаат да учествуваат треба да испратат видео во времетраење од 60 секунди, во кое на креативен начин ќе покажат ќе покажат како „Нутела" ги прави нивните утра посебни".
На крајот ќе бидат избрани тројца, кои ќе имаат можност да бидат дел од ова фантастично искуство. Лошата вест е што во натпреварот можат да учествуваат жители на САД.
Европјаните ќе чекаат некоја друга прилика.
Би било фантастично доколку во Македонија би се отворил хотел „Агроплод“, веруваме дека редицата за влез би била мноооооггггуууу долга :).