Седмото издание на De:sonanz е пресек на глобалните уметнички текови

20 август 2015

Во своето седмо по ред издание, урбаниот фестивал De:sonanz 2015 е пресек на глобалните иновативни музички и уметнички текови, но и најголемиот колаборативен проект на целокупната македонска сцена кој го става Скопје во фокусот на вниманието во светски рамки.

Фестивалот трае 4 дена (од 4 до 7 септември) со журка за отворање во Капан Ан и три фестивалски денови во кои голем број музички и уметнички случувања ќе бидат распоредени низ просториите на МКЦ Скопје.

Во гостинската листа се запишуваат и Monolake, Objekt, Electric Indigo, Disphonia, а богата програма вклучува четириесетина артисти.

Покрај музичката програма, фестивалот вклучува и работилници, изложби, филмска програма, афтерпарти и денска програма итн.

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
508 пати