Сега можете да си направите персонализирано „Орео“ колаче

16 ноември 2020

Доколку сте меѓу љубителите на „Орео“ колачињата, тогаш оваа вест ќе ви го задржи вниманието. Имено, компанијата лансираше специјална веб-страница, „OREOID“, каде корисниците можат да одберат боја на кремот, а има вкупно осум во понудата, или пак сосема нови колачиња.

Исто така, постои опција корисниците да одберат дали сакаат чоколаден или ванила прелив, а можат да учествуваат и во изборот на декоративни трошки.

Можностите одат до таму што колачето може да биде и со фотографија на корисникот или пак со текст на предната страна на колачето или пак и двете.

Ние си поигравме и видовме како тоа изгледа, но сепак не сме на листата на оние што можат да нарачаат, бидејќи оваа опција се однесува  само на потрошувачите од американскиот пазар.

Инаку, тие можат да направат нарачка во пакување што содржи повеќе парчиња, а цената ќе зависи секако од бројот на колачиња и персонализираните елементи.

Сепак, доколку и вие сакате да видите како изгледа страницата и да се позабавувате, кликнете тука.

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
115 пати