Оваа 2020 кога се филмовите и сериите во прашање, беше во знакот на римејкови и најави за истите. Во исчекување сме и на повторното собирање на екипата на „Пријатели“, а веруваме дека многумина ќе ги изненади позитивно и веста за враќањето на уште едни пријател(к)и - од „Сексот и градот“.
Од завршувањето на серијата поминаа 16 години, а сега е најавена лиминирана серија која ќе се емитува на HBO Max.
View this post on Instagram
Сара Џесика Паркер изјави дека би сакала да види каде се главните ликови сега, кога светот е сосема поинакво место за живеење отколку пред 10 и повеќе години, напредокот на технологијата, движењата како #metoo, пандемијата...
Но, таа желба ја немаат сите четири. Имено, гледачите ќе имаат можност да ги видат Кери, Миранда и Шарлот после деценија и повеќе, но Ким Картал е се' уште цврста во одлуката да не се врати на екраните како Саманта.
View this post on Instagram
Многумина се прашуваат, како ќе изгледа сексот во „Сексот и градот“ без Саманта. Но, останува да видиме и да го почекаме официјалниот датум на премиерата.