Серија на„Нетфликс“ за љубителите на астрологијата

16 ноември 2021

Во 2015 година романот „Guida astrologica per cuori infranti“ на авторката Силвија Зуко  стана мошне популарен. Шест години подоцна, „Нетфликс“ ги откупи правата за серија од шест епизоди, која веќе бележи успех.

Дејството се врти околу Алис, девојка во четвртата деценија од животот, која се обидува да излезе на крај со неизвесноста од работното место и љубовните проблеми. Го запознава Тио, кој се занимава со астрологија и работите почнуваат да се менуваат. Тој ѝ вели дека положбата на ѕвездите ѝ предвидуваат промени во животот, а и романса.

 

Интересно е што секоја епизода  има назив по хороскопскиот знак на мажите со кои се забавува Алис во одреден момент. Патем, сите добри фраери :) .

Оние што веќе ја гледале, велат дека на моменти потсетува и на Бриџит Џонс, само на италијански, па со тоа обезбедува забава и релаксација.

Главните улоги ги толкуваат Клаудија Гусмано, Лоренсо Адорни, Естер Алиса, Емануела Грималда, Џанкарло Рати... Па ако сте љубопитни за асрологија, а сакате да погледнете и нешто што ќе ве насмее и релаксира, побарајте ја серијата. Во продолжение погледнете го и трејлерот:

 

Објавено:
16 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.415 пати