„Севилскиот бербер“ - приказна за победата на младоста и љубовта

6 февруари 2020

Веруваме дека љубителите на операта ќе ги израдува информацијата дека во вторник, 11.02.2020 со почеток од 20 часот,во салонот на Националната опера и балет, ќе се одржи популарната опера buffo, „Севилскиот бербер" од Џоакино Росини.

За оние што немале шанса досега да ја погледнат, се работи за приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Одличен начин да уживате и да имате убава вечер.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет , како и online на www.operabalet.mk.

Диригент: Ѓурѓица Дашиќ
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Асс.режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф: Марија Ветеровска
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор:
Асс.хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Изведувачката екипа ја сочинуваат:
Фигаро: Марјан Јованоски
Розина: Билјана Јосифов
Гроф Алмавива: Кристијан Колија (Италија)
Дон Базилио: Владимир Саздовски
Дон Бартоло: Невен Сиљановски
Берта: Злата Тошевска
Фиорело: Драган Ампов
Амброзио: Саша Смилевски

Дејствието од операта се одвива во Севиља. Розина е млада девојка која е заљубена во грофот Алмавива. Младиот и убав гроф секојдневно пее под прозорецот на Розина со цел да и се приближи. Но, Розина ја чува стариот доктор Бартоло, кој сака да се ожени за неа и не и дозволува да излезе од куќата. Фигаро, личниот бербер на Бартоло, им помага на Розина и Алмавива да се запознаат, претставувајки го Алмавива како учител по пеење. И додека Фигаро го бричи Бартоло, Розина и Алмавива се договараат околу својата иднина.
За да ја остварат заедничката љубов, на Розина и Алмавива им помага Фигаро, така што им носи матичар и сведоци. Во тој момент се одвива венчавката, а стариот Бартола мора да ја прифати победата на младоста и љубовта.

 

Објавено:
6 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
523 пати