Шеталиштето во Струга доби нов изглед и стана Инстаграм хит

7 јуни 2021

Иако улици „покриени“ со чадори не се нова естетика, сепак мора да признаеме дека привлекуваат внимание.

А токму така е и во Струга. Имено, неодамна шеталиштето во Струга кое е долго десет метри е украсено со околу 600 чадори во боја и на тој начин одново стана омилено место на граѓаните.

Новитетот беше презентиран на фејсбук страната на „ЈП Комунално Струга“

„Директорот на ЈП Комунално Струга, Иќмет Ислами изјави дека идејата на овој проект е со цел граѓаните кој го користат шеталиштето пријатно да се чуствуваат како во естетска смисла така и во заштита од сонце“, се вели во објавата.

Ако судиме според фотографиите и коментарите кои ги среќаваме на социјалните мрежи, граѓаните веќе ја прифатија новата естетика.

Погледнете:

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by filipilioski (@filipilioskii)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @emsalsphoto

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Struga Times (@struga.times)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Struga Times (@struga.times)

Објавено:
7 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.551 пати