Show Room – џез концерти позади ширум отворени врати

14 декември 2016

Јавна соба започнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот, "Show Room". Секој петок на репертоар е концерт на реномирани џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во Јавна соба. Влезот на сите настани е бесплатен, а забавата и уживањето за сите генерации е загарантирано.

"Show Room" e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

На првото издание на Show Room во петок, 16. декември со почеток во 21:00ч на сцена ќе искочат Кирил Кузманов - саксофон, Трајче Велков- труба, Филип Димишковски- клавијатура, Кирил Туфекчиевски - бас, Виктор Филиповски - тапани. Следат концертите на "Zing Project" и "M Jazz Session" со евергрините на македонската џез/поп ера, од 50тите години до денес на 23. и 30. декември. По една кратка пауза за божиќните празници на 14. јануари концерт ќе одржи познатиот српски џез квартет Милан Петровиќ, со што ќе започне и регионалната размена. Во рамки на "Show Room" предвидено е гостување на "Fiеrce" од Скопје во "Мikser House" во Белград во март 2017, настап на македонски бендови на џез фестивали во регионот.

Fierce, Скопје

Milan Petrovic quartet

Марко Василевски, одлично познат музичар на македоснката сцена, во улога на програмски уредник во Јавна соба, потенцира дека станува збор за џез музичари и групи кои негуваат различни џез поджанрови каде селекција е базирана исклучиво на квалитет на авторите."Сакам да се приближиме до основната идеја прогресивен современ звук во кој и публиката и музичарите ќе уживаат", вели Василевски за овој проект.

Јавна соба самостојно иницира но и ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти кои се предложени од страна на индивидуалци, групи и организации кои имаат добра идеја и се стремат кон подобрување на квалитет на живот и унапредувањее на средината во рамки на градот и државата. Влезот во Јавна соба е бесплатен.

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
146 пати