„Шта је туга за Д-мол“: Си замина Ѓорѓе Балашевиќ

19 февруари 2021

Замина уште еден големец! Откако пред неколку дена беше пренесен на Инфективна клиника во Нови Сад, поради воспаление на белите дробови, денеска стаса веста дека замина неповторливот.

Стихови полни со емоција и живот, и кога е добар и кога не е. И кога е среќа и кога е тага.

И најчесто при вакви текстови за поздрав, се пишуваат биографии, снимени албуми, достигнувања.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dnevnadozabeograda)

Секој од нас во животот плачел, пател или се радувал со негова песна, не постои друг што така може да пренесе емоција, така да ти пријде, како цел живот да те познава и да го познаваш... Поголем од сите биографии.

Балашевиќ е еден од оние личности за кои и нема доволно умешно склопени реченици за да ја опишат големината на неговото творештво. А веројатно и тага што многумина кои растеа, созреваа и се пронаоѓаа во неговата музика, сега ја чувствуваат.

Али, шта је туга за Д-мол.

Мирно море панонски морнару...

 

 

 

Објавено:
19 февруари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
843 пати