Што ќе се случи со вашето тело ако целосно се откажете од кафе?

20 септември 2019

Веројатно ретки се луѓето во светот кои не уживаат во утринската доза кафе како еден од најубавите и најмиризливите ритуали било кога осмислени.

Првото утринско кафе е толку сериозна навика што многупати се чувствуваме како да не сме доволно разбудени или не боли глава ако не го испиеме.

brit_co

Секако, подеднакво вкусно е и она другото во текот на денот, најчесто во попладневните часови кога ќе најдеме време за себе или ќе го испиеме со пријателките.

Знаете дека кафето во превод значи кофеин кој и не е толку добар за телото, но сепак, обожаваме да го консумираме. Ако имате на ум некогаш да го откажете овој омилен пијалок, ви посочуваме што ќе му се случи на вашето тело.

Inc.

-Во првите денови откако ќе престанете да го пиете, нормално, ќе се чувствувате многу уморно, а често и со главоболка. Кафето е дефинитивно вид на зависност, бидејќи го навикнуваме мозокот на кофеин, па потребен му е сѐ повеќе и повеќе. Нормално, како и со сѐ друго, на организмот ќе му треба време да се навикне на оваа нова ситуација, но со текот на времето ќе биде полесно. Почнете да се одвикнувате од кафето во петок, за да не морате да се мачите себеси со уморот на работа.

-Обидете се кафето да го замените со природен чај од некои тревки. Чаша топол чај е совршен почеток на денот, а и ќе уживате во новата навика и можеби нема да ви недостасува старата.

style_degree

-Ако успеете да поминете низ фазите на одвикнување од кафе, организмот ќе ви биде благодарен и ќе спиете подобро со оглед на тоа што кафето ве одржува будни. Секако, говориме доколку пиете по неколку шолји на ден. Мора да запомните дека во најголем дел, кафето е само навика и од истата можеме лесно да се откажеме ако сме упорни.

-Кофеинот овозможува испуштање на адреналинот, па доколку се откажете од пиењето кафе ќе бидете многу посмирени и поопуштени.

olive_tomato

Една мала шолја утринско кафе е сосема доволна за да го преживеете денот, а доколку мислите дека можете истата да ја промените со природен чај, тогаш да почнеме овој викенд!

Инфо: Miss7.24sata.hr

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
774 пати